Posts

Showing posts from September, 2022

Веб дневник

Image
  Блог или веб-дневник претставува онлајн-дневник, каде што содржината се прикажува по хронолошки редослед, односно најновите вести или содржини се прикажуваат први, а останатите одат подолу, т.е. сортирани се така што од најновите се оди кон постарите објави. Зборот блог потекнува од зборовите web што значи мрежа и log што значи внес. Всушност, блоговите претставуваат комуникациска алатка која ги поврзува корисниците, бизнис-групите и другите веб-истомисленици. Авторот на блогот се вика блогер. Тој не само што креира блог, туку постојано ја обновува и уредува неговата содржина. Креирањето, обновувањето и уредувањето на содржината на блогот се вика блогирање. Блогер може да биде секој којшто има познавања за работа со компјутер и интернет технологии, и е подготвен да дискутира на одредена тема.